Дома Топ вести Медиумите во Франција: Томас Тухел е нов тренер на ПСЖ!

Медиумите во Франција: Томас Тухел е нов тренер на ПСЖ!

Томас Тухел од лето ќе седне на клупата на ПСЖ, објави Канал+, како и многу други медиуми во Франција. Иако нема официјална потврда, наводно е се договорено и само се чека крајот на сезоната за Германецот да биде претставен.

Како што пренесува Канал+, Тухел договорил двегодишна соработка со ПСЖ и сега е само прашање кога веста ќе биде официјална.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот тренер на Борусија Дортмунд ќе се обиде да го направи она што не успеа Емери, како и неговоите претходници, а тоа е на Паркот на Принцовите да ја донесат титулата од ЛШ.

Емери освои се во Франција, но елиминацијата во осминафиналето од Реал Мадрид беше кобна за него. Тухел го чека тешка работа, но смета дека може да направи добар резултат во Франција.

ПСЖ се поврзуваше со многу тренери, дури во последно време се зборуваше и за Арсен Венгер, но на крајот одлучено е тоа да биде Тухел.

Доколку овие тврдења се вистинити, Тухел ќе стане првиот Германец на клупата на ПСЖ во историјата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…