Дома Останати „Толку многу ја чекавме оваа година, а сега…Наредната ништо нема да биде исто“

„Толку многу ја чекавме оваа година, а сега…Наредната ништо нема да биде исто“

Фудбалот како и останатите спортови во поголемиот дел од светот стопиран поради пандемијата од коронавирусот. И во ова време на социјалните мрежи случајно „налетавме“ на еден статус кој според нас најдобро ја опишува сегашната ситуација на сите кои сакаат фудбал и спорт воопшто…

„Деновите поминуваат, а и понатаму е се исто. Понеделник или сабота, петок или недела…Нема разлика. Дури понеделник ми е повеќе драг затоа што работат продавниците. Ете одам до маркет, а таму како на аеродром во Хургада. Контрола, строги правила“…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Колку ја чекав оваа година. Не само, ја туку секој вистински љубител на спортот. Да не ги набројувам по ред спортските случувања. Чекав како и сите, Лигата на шампионите. Дали Манчестер Сити конечно нешто ќе направи, што може ПСЖ, Баерн е секогаш расположен…Ма сите се некако тивки фаворити. Ништо од тоа. Како и после се да се заврши не е тоа, тоа. Го нема тој сајај и готово. Лајпциг освојувач на ЛШ 2020? Можеби и Аталанта? Добро, не е се во таа Лига на шампиони“.

„Седиме така пред некој месец и за тема дојде ЕУРО 2020. Аууу, одлична тема. Започнуваме да зборуваме што не чека. Се појауваат предлози ајде до Будимпешта да изгледаме некој натпревар. Ајде. Не, сепак е подобро дома, се сложивме. Лето, ладно пиво, а на ТВ ЕУРО 2020. Какво чувство. Да, но оваа година на Плејстејшн“.

„Летото е долго и досадно. Секако дека не е. Започнуваат квалификациите за ЛШ и ЛЕ. Сите ќе ги чекаме локалните клубови за кои навиваме од раѓање да остварат пласман или да дојдат барем блиску. Секако, ако се државни шампиони или барем втори. Тоа за нас и за нив е како да освоиле некое од двете европски натпреварувања. Што да се прави, буџетот е таков. Ќе биде подобро, се надевам“.

„Август? Па тоа најмногу го чекам. Олимписките игри во Токио. Дали ќе се појави некој нов Болт, Сергеј Бубка или можеби Мајкл Фелпс? Ќе дојдат ли Американците со Дрим Тим? Кој ќе освои најмногу медали? Ќе ја покажат ли Јапонците на светот нивната моќ на организација? Секако, тешка домашна задача. Ќе успеат сигурно. Ќе почекаме уште една една година. И ја, и ти, и сите ние. Тоа нема да биде како што требаше оваа година да биде. Едноставно не е тоа, тоа и точка. Кој и да каже „Нема врска ќе има се наредното лето, исто е“. Да ќе има, не велам дека не, но нема да биде исто верувајте ми“, стои во дел од статусот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…