Дома Трансфер зона Толку беше и од Монца: Балотели ова лето ќе го промени клубот

Толку беше и од Монца: Балотели ова лето ќе го промени клубот

И Монца го „шутна“ Марио Балотели.

Контроверзниот италијански напаѓач ќе го напушти италијанскиот второлигаш после науспешната сезона во која клубот стигна до плеј-офот за пласман во Серија Б.

Италијанските медиуми тврдат дека Балотели со сигурност нема да остане во Монца.

Во договорот на Балотели имало опција истиот да биде продолжен ако тимот влезе во Серија А, тоа не се случи па затоа 30 годишниот фудбалер одново ќе ја промени средината.

Балотели за Монца и немаше така лош учинок, одигра 14 натпревари и во нив запиша шест погодоци.

Ќе потсетиме дел од Монца во наредната сезона ќе биде македонскиот фудбалер Лука Станковски кој во италијанскиот второлигаш пристигнува од Работнички.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Aко Интер го продаде Лукаку за 120 милиони евра ќе задржи само половина?

На големо во италијанските медиуми се пишува за можниот трансфер на Ромелу Лукаку во редов…