Дома Трансфер зона Толку беше: Завршува бајката за херојот на Реал Мадрид

Толку беше: Завршува бајката за херојот на Реал Мадрид

Бajката за напаѓачот ветеран кој беше доведен во Реал само затоа што клубот немаше време за вистински засилувања и кој потоа со серија голови донесе клучни бодови во борбата за Ла Лига и беше херој во големиот пресврт во полуфиналето против Баерн изгледа заврши.

Познатиот шпански медиум „Релево“ пишува дека Реал му соопштил на Хоселу дека би било паметно за него да бара нов клуб пред новата сезона.


Мбапе со маска на победа против Холандија! ↓↓↓


„Не го бркаат од клубот, но го потсетија дека тимот значително ќе го засили нападот летово и дека за него најдобро би било да оди некаде каде што ќе игра“, се пишува во текстот.

Хоселу Луис Мато Санмартин (34) минатото лето дојде во Реал, клубот во кој беше јуниор, само затоа што Карим Бензема изненади со заминувањето во Арабија, а Флорентино Перез не сакаше да му ја исполни желбата на Карло Анчелоти и да го купи Хари Кејн.

Реал се одлучи да ја одигра сезоната со Хоселу и да го почека Мбапе кој треба да пристигне ова лето. Сега тоа време за Хоселу помина, а со Мбапе во тимот наредната сезона тешко дека би имал простор за игра. Останува да видиме во наредниот период во каква насока ќе се движи кариерата на напаѓачот кој сезонава постигна 16 гола за Реал и е трет стрелец во Ла Лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Напаѓач од Брегот на Слоновата Коска ја засили Шкендија

Екипата на Шкендија денеска се пофали со ново име во своите редови. Нов член на клубот од …