Дома Останати Кошарка Тодоров: Едноставно се срамам, играчите не се заложија на теренот..

Тодоров: Едноставно се срамам, играчите не се заложија на теренот..

Избраниците на Александар Тодоров, вечерва од Црвена Звезда го доживеаја најтешкиот пораз во АБА лигата, кога на гостувањето резултатот беше 112:73.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тодоров по изјавата дадена за медиумите по мечот, истакна дека очекувал пораз, но не ваков, како и тоа дека не очекувал ваква игра од неговиот состав.

„Очекувавме дека Звезда ќе победи на овој меч, пред се сметајќи на тоа дека се навистина подобар состав од нас. Се обидовме да го смениме составот, но ние игравме малодушно и без никакво заолжување на теренот, што не очекував. Се посрамотивме и себе и клубот. Не очекував навистина 39 поени разлика да загубиме. Се срамам“, истакна Тодоров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вемби е страшен, издоминира за победа на Сан Антонио против шампионот! (Видео)

Сан Антонио Спарс извојуваа победа над Оклахома Сити Тандер на домашен терен со резултат 1…