Дома Топ вести Тим од 11 фудбалери на кои Бенфика заработи 600 милиони евра 📸

Тим од 11 фудбалери на кои Бенфика заработи 600 милиони евра 📸

И во овој преоден рок Бенфика покажа дека знае добро да заработи. Португалскиот гигнат во финишот од преодниот рок го продаде Енцо Фернандез за 121 милион евра, а пред само шест месеци го платија 15 милиони евра.

Во изминатите години Бенфика изгради репутација на клуб кој знае добро да работи и да продаде скапо. Во последните 20-тина години клубот има остварено околу 1.5 милијарда приходи од продажба на фудбалери.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Очигледно дека клубот има одлична стратегија и добра скаут служба која им носи заработка.

На социјалните мрежи сега се појави и фотографија на тим од 11 фудбалери на кои Бенфика заработи на 600 милиони евра.

Едерсон – €40m (Манчестер Сити)

Нелсон Семедо – €35.7m (Барселона)

Рубен Диаш – €71.6m (Манчестер Сити)

Виктор Линделоф – €35m (Манчестер јунајтед)

Фабио Коентрао – €30m (Реал Мадрид)

Аксел Витсел – €40m (Зенит)

Енцо Фернандез – €121m (Челси)

Ренато Санчез – €35m (Баерн Минхен)

Анхел Ди Мариа – €33m (Реал Мадрид)

Дарвин Нуњез – €80m (Ливерпул)

Жоао Феликс – €127m (Атлетико Мадрид)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан и Тотенхем блиску до договор за Емерсон

Милан и Тотенхем се блиску до договор за трансфер на десниот бек Емерсон Ројал, пренесуваа…