Дома Трансфер зона Тимот со најлоша одбрана во Премиер лигата го сака стоперот на Милан

Тимот со најлоша одбрана во Премиер лигата го сака стоперот на Милан

Екипата на Фулам иако потроши многу на засилувања во летниот преоден рок сепак, лошо ја стартуваше сезоната и со ваква игра опстанокот не е загарантиран.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Лондонскиот клуб во овој момент ја има најлошата одбрана во лигата – примија 21 погодок, што е повеќе од сите на Островот.

Ле Маршан, Мосон и Чемберс не ги оправдаа очекувањата, па засилувања се неопходни.

Како што пренесуваат англиските медиуми, српскиот стратег сака одбраната да ја засили со дефанзивецот на Милан, Матео Мусакио. Сепак, не е јасно колку Џенаро Гатузо би бил расположен да преговара за продажба на својот фудбалер.

Мусакио во редовите на Милан пристигна од шпански Виљареал.

https://www.youtube.com/watch?v=zFLoUxZwH58

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…