Дома Фудбал Италија Тимот кој доминира во Серија Б се обидел да ги доведе Ибрахимовиќ и Манџукиќ

Тимот кој доминира во Серија Б се обидел да ги доведе Ибрахимовиќ и Манџукиќ

Беневенто игра одлично во италијанската Серија Б, овој тим има дури 19 бода предност и се припрема за враќање во Серија А. Планот на Беневенто е овој пат подолго да се задржи во најсилната италијанска конкуренција.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Спортскиот директор на клубот Пасквале Фоџа откри дека Беневенто се обидел да ги доведе Манџукиќ и Ибрахимовиќ.

„Претседателот сакаше да ги доведе Ибрахимовиќ и Манџукиќ пред хрватскиот напаѓач да замине за Катар. Меѓутоа, набрзо моравме да се помирме со реалност. Среќен сум што работам со амбициозен претседател. Во овој момент работите од добро и тоа го потврдуваат и резултатите“, изјави Фоџа.

Инаку, како играч Фоџа во Италија играше за Лацио, Милан, Сампдорија, Каљари и Емполи, а во 2018 година стана спортски директор на Беневенто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Делии“ направија хаос и го одложија почетокот на финалето во Купот на Србија! (Видео)

Натпреварот помеѓу Црвена звезда и Војводина, кој е финале на Купот на Србија, требаше да …