Дома Македонски спорт Мак фудбал Тиквеш дебитира на евро-сцената, Шкендија фаворит против Ноа

Тиквеш дебитира на евро-сцената, Шкендија фаворит против Ноа

Откако вчера Струга Трим Лум претрпе пораз одо 4:2 од Слован Братислава во квалификациите за Лигата на шампионите, денеска уште две македонски екипи ги чека настап на евро-сцената, но во квалификациите за Конференциската Лига.

Тиквеш на Арената „Тодор Проески“ од 20:30 часот ќе го пречека Исландски Бреидбалик. За кавадарчани ова е деби во Европа, а тренерот Ѓорѓи Мојсов пред овој дуел изјави дека ако го одиграат договореното, тој е сигурен во пласман понатаму.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Се надеваме и веруваме дека ќе го гледаме Тиквеш подолг период на европска сцена. Ова е историски натпревар и се подготвуваме верувајќи дека можеме да одиграме квалитетно. Го анализиравме противникот и ако го испочитуваме договореното на тренинзите сигурно ќе продолжиме понатаму“, гласеше неговата изјава на вчерашната прес-конференција.

Доведе Тиквеш и девет нови фудбалери, па ќе видиме како ќе изгледа на теренот.

Шкендија од 18:00 часот на гостински терен ќе игра против ерменската Ноа која како и Тиквеш е дебитант во европските квалификации.

Тетовскиот клуб влегува како фаворит во овој двомеч и веруваат дека нема да им се повтори разочарувањето од минатата сезона кога беа елиминирани во првото коло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барса го прегази Баерн, Атлетико шокиран во Мадрид🎥

Дербито на вечерта во Лигата на шампиони се играше во Барселона, каде каталонскиот гигант …