Дома Трансфер зона Тиери Анри доби ново засилување

Тиери Анри доби ново засилување

0
henry

После лошиот старт на сезоната Леонардо Јардим го напушти Монако, а на негово место дојде Тиери Анри.

Ништо посебно не се смени и по доаѓањето на легендарниот Французин, но сите во Монако се надеваат дека вториот дел од сезоната ќе донесе многу подобра игра и подобри резултати.

Евидентно е дека на Анри и Монако му се потребни засилувања, а сега Монако го ангажираше третото оваа зима.

После искусниот дефанзивец Налдо и поранешниот играч на Рома, Вилијам Вајнкуер, во Монако сега пристигна и Фоде Бало-Туре.

Се работи за 22-годишен лев бек кој пристигна од Лил за 9.9 милиони евра и кој во Монако би требало да остане до 2023. година.

Бало-Туре оваа сезона одигра 18 натпревари во Лига 1 за Лил и запиша две асистенции.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Во финалето на Африканскиот куп на Нации во првата минута се постигна гол каков што ретко се гледа (ВИДЕО)

Чудно започна финалето во Африканскиот куп на Нации. Алжир против Сенегал поведе уше во пр…