Дома Фудбал Останато Тиаго Силва и Милан – „романса“ на која Бразилецот сака да и се врати!

Тиаго Силва и Милан – „романса“ на која Бразилецот сака да и се врати!

Не би можел да го одбие повикот од „росонерите“ доколку секако го добие.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тиаго Силва во Милан стана еден од најдобрите стопери во светот, а во Пари Сен Жермен стана еден од најплатените. Силва никогаш не криел дека еден ден би сакал да се врати во Милан.

Од неговото заминување многу работи се променија. Седумкратниот европски шампион, падна во проблеми и веќе неколку години не може ниту да се избори за учество Лигата на шампионите. Тука се и финансиските проблеми кои ги донесе мистериозниот сопствник од Кина.

„Милан е во моето срце и секогаш тоа ќе биде така. Не знам како би можел да кажам „не“ ако ме повикаат. Не е лесно да се зборува за иднината во фудбалот бидејќи никогаш не знаете што може да се случи. Се е можно! Кога би можел да ја завршам кариерата во Милан тоа би било нешто преубаво“, изјави Силва за „Газета дело Спорт“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Полета во Барселона, па ја заборави измамата што ја направи: “Тука веќе никој не те сака”

Нико Вилијамс ја измами Барселона минатото лето. Преговараше долго со каталонскиот клуб, в…