Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Тешка, но важна победа на Турција🎥

Тешка, но важна победа на Турција🎥

Турската репрезентација потешко од очекувањата стигна до победа против Грузија со 3:1.

Турција одлично го отвори натпреварот и во воведните минути создаде неколку одлични шанси, а до предност стигна во 25-та минута со прекрасен гол на Мулдур.

Откако ВАР му поништи гол на Јилдиз, возврати Грузија преку Микаутадѕе во 32. минута.

Тој резултат беше активен се до 65-та минута кога Арда Гулер со спектакуларен гол донесе водство од 2:1 Потоа Грузија имаше неколку шанси за израмнување, а во последната минута и голманот замина во споротивниот шеснаесетник.

Тоа создаде можност за контранапад па во 96-та минута победата ја заклучи Актуркоглу кој погоди на празен гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Камавинга откри што му недостасува за да биде стартер во Реал Мадрид

Едуардо Камавинга искрено говореше за тоа што треба да подобри за да добива поголема минут…