Дома Фудбал Германија Тешката животна приказна на тинејџерот на Баерн кој блескаше против Борусија

Тешката животна приказна на тинејџерот на Баерн кој блескаше против Борусија

Роберт Левандовски и Ерлинг Халанд се фудбалерите за кои најмногу се зборуваше пред вчерашното дерби помеѓу Борусија и Баерн, меѓутоа после „Дер Класикер“ една од главните теми е 19 годишниот Алфонсо Дејвис.

Баерн славеше со минимални 0:1, маестрален гол постигна Џошуа Кимих. Еднакво, а можеби и дури повеќе после натпреварот се зборува Дејвис.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Талентираниот 19 годишен тинејџер играше доминантно. Неговите играчки способности не се непознати меѓутоа вчера го гледаше голем дел од фудбалската јавност. И не разочара, посебно не неговите родители на кои како дете им ветил дека ќе го гледаат на телевизија.

На теренот на „Сигнал Идуна Парк“ вчера имаше 42 спринта, импресивен беше тркот со брина од 35 километри на час кога го стигна Халанд и му ја одзема топката.

Дејвис е роден во Будамура (Гана), има канадски пасош и по потекло е од Либерија. На „Алијанц Арената“ го доведе Хасан Салихамиџиќ после една турнеа низ САД каде што Салихамиџиќ процени дека станува збор за еден од најдобрите играчи во неговата генерација.

Роден е во избеглички камп во ноември 2000 година откако едвај неговите родители Дебе и Викторија Дејвис ја преживеаа граѓанската војна. Во Гана поминаа пет години. Се чувствуваа како во заклучен контејнер од кој нема излез.

Потоа следуваше заминување во Канада, навикнување на новиот континент и новиот живот. Деновите во главно ги помина чувајќи ги помладите браќа додека родителите беа на работа. Но се појавила прилика која Дејвис не ја пропуштил.

Скаутите го забележале најмногу поради неговата бризина, Канаѓаните реагираа и му дадоа државјанство, а за А селекцијата дебитираше на 16 години.

Кога Баерн го доведе го прекомандува на позицијата лев бек. Од октомври до вчера запиша 20 настапи во Бундеслигата, едноставно стана недопирлив.

Ситуацијата кога му ја одзема топката на Халанд покажува колку е брз, точен и прецизен. Меѓутоа имаше и една непрофисонален гест кога без дозвола отпатува во Париз да ја види својата девојка, фудбалерката на ПСЖ Џорди Хуитема. Тогаш задоцни на тренинг и плати казна од 20.000 евра.

„Кога ќе видам од каде почнавме и ќе споредам со реалноста денес, седнувам на креветот и го гледам како игра…Мислам дека е сон“, се потсети неговата мајка Викторија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…