По неколку недели во кои не беше „ни на небо, ни на земја“, конечно е позната судбината на Џејдон Санчо во Манчестер Јунајтед.
Имено, како што пренесуваат англиските медиуми, Ерик тен Хаг ја донел својата конечна одлука во врска со овој фудбалер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Санчо нема играно за Манчестер Јунајтед од август, кога започна јавна војна со својот тренер Тен Хаг.
Откако Манчестер Јунајтед беше поразен со 3:1 од Арсенал на „Емирати“, Тен Хаг тврдеше дека Санчо не бил во составот поради лошиот настап на тренинзите.
Англичанецот не се согласи со својот тренер, па реши да излезе во јавноста за се и да ја каже „вистинската вистина“.
После тоа, Манчестер Јунајтед на 14 септември објави дека Санчо тренира одвоено од тимот по посебна програма.
Наводно, после тоа Тен Хаг чекал Санчо јавно да се извини за стореното, но тоа не се случило.
Сега, како што пренесуваат англиските медиуми, Тен Хаг ја донел конечната одлука и им ја соопштил на газдите во Манчестер Јунајтед.
Имено, тој одлучил Санчо да го напушти клубот во јануари доколку одбие да му се извини.
Останува да видиме дали Англичанецот ќе ја наведне главата и ќе му се извини на менаџерот или ќе го напушти клубот во следниот преоден рок.