Дома Фудбал Тен Хаг: Нема потреба повеќе да зборувам за Роналдо

Тен Хаг: Нема потреба повеќе да зборувам за Роналдо

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг потврди дека Кристијано Роналдо ќе биде дел од тимот на натпреварот од петтото коло во Лига Европа со молдавски Шериф.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Холандскиот стратег на прес-конференцијата пред овој меч истакна дека повеќе не сака да зборува за Португалецот.

“Тој беше надвор од тимот на еден натпревар, сега се врати и тренира. Одговорив на сите прашања минатата недела и мислам дека нема потреба да се повторувам. Сакам да се фокусираме на натпреварот против Шериф”, изјави Тен Хаг.

Минатата среда на натпреварот против Тотенхем (2:0) Португалецот одби да влезе во игра на крајот од натпреварот, а го напушти теренот и замина во соблекувалната. Поради ова, Тен Хаг реши да го отстрани од тимот, па мораше да го пропушти натпреварот со Челзи (1:1) во 13. коло од Премиер лигата.

Манчестер Јунајтед е на второто место на табелата во групата Е во Лига Европа, со три бода помалку од првопласираниот Реал Сосиедад. Шериф е трет со три бода, а Омонија е последна без бодови.

Натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Шериф се игра во четврток на „Олд Трафорд“ од 21 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mурињо „отпишал“ тројца фудбалери на Реал, еден не сака да слушне да замине!

Жозе Мурињо ги „отпиша“ Фран Гарсија, Раул Асенсио и Едуардо Камавинга, но последниот не с…