Дома Фудбал Англија Тен Хаг за првпат се огласи за можноста да стане тренер на Јунајтед

Тен Хаг за првпат се огласи за можноста да стане тренер на Јунајтед

Tренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг во медиумите е главен фаворит за нов тренер на Манчестер Јунајтед, а сега за првпат се огласи на оваа тема.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тен Хаг истакна дека е фокусиран на Ајакс, но додаде и дека во денешниот фудбал ништо не може да се исклучи како опција.

„Во овој момент сум фокусиран на Ајакс, но во фудбалот ништо не можете да знаете со сигурност. Не сакам да исклучам ниту една опција. Сега сум во Ајакс, до крајот на сезоната има уште малку и потребно ми е целата енергија да ми биде насочена во тој правец. За останатото ќе се решава потоа“, изјави Тен Хаг.

Свој коментар за можноста Тен Хаг даде и Пеп Гвардиола кој порача дека Јунајтед нема да погреши ако го доведе Холанѓанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бартомеу откри: Го имавме договорено Винисиус, тогаш се појави Реал Мадрид

Поранешниот претседател на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, откри дека клубот во едно вре…