Дома Фудбал Англија Тен Хаг добил ултиматум кој тешко ќе го исполни!

Тен Хаг добил ултиматум кој тешко ќе го исполни!

Tренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг утре би можел да добие отказ на „Олд Трафорд“, пренесуваат британските медиуми.

Имено, холандскиот стратег добил ултиматум од управата на клубот или да победи против Ливерпул на „Енфилд“ или ќе добие отказ. Во ситуација каква што е Јунајтед тешко е да се верува дека можат да го изненадат големиот ривал, посебно ако се има предвид дека на „Енфилд“, Јунајтед нема победа од 2018 година.

Освен што не победиле Јунајтед има и гол-разлика 13:0, еден натпревар заврши 0:0. Тен Хаг од поодамна ги загуби симпатиите кај навивачите, меѓутоа прашање е каква замена во овој момент може да најде клубот.

На Островот се шпекулираше дека луѓето во Јунајтед започнале преговори со поранешниот менаџер на Челзи, Грем Потер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Крици одекнуваа на стадионот, фудбалер се грчеше од болки на теренот (Видео)

Дерби на шестото коло на Првата лига на Србија меѓу двете водечки екипи, ОФК Вршац и Чачан…