Дома Фудбал Англија Тен Хаг ги обвини фудбалерите и порача: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед!

Тен Хаг ги обвини фудбалерите и порача: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед!

Манчестер Јунајтед вчера доживеа вистински дебакл од 4:0, а по овој пораз на Островот овој тим го опишуваат како најлошиот во историјата на „црвените ѓаволи“.

За Манчестер Јунајтед ова е 13-ти пораз во сезоната и тоа е најмногу откако започна ерата на Премиер лигата. Исто така со четирите гола на „Селхуст Парк“ дојдоа до 81 примен гол во нивната мрежа. Така го изедначија најлошиот рекорд од сезоната 1976/1977, но со оглед дека до крајот има уште три натпревари овој рекорд сигурно ќе биде надминат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во центарот на вниманието се најде и одговорот на Тен Хаг на едно новинарско прашање.

Имено, еден од новинарите го праша Тен Хаг дали се смета за вистинскиот човек да го води Јунајтед, а одговорот на Холанѓанецот беше краток: Апсолутно!

Тен Хаг во продолжение од прес-конференцијата зборуваше и како фудбалерите мораат да играат подобро.

„Ние како тим треба да сме подобри. Фудбалерите кои се на располагање треба да играат подобро. Заслужено изгубивме, перформансите не ни беа како што очекувавме. Има многу причини, сите ни ја видоа клупата, меѓутоа треба да се справуваме со тоа. Мораме да се бориме како фановите што се борат“, изјави Тен Хаг.

До крајот на сезоната во Премиер лигата има три кола, а Јунајтед во овој момент се наоѓа на осмата позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ново засилување за Вардар: Пристигна португалски голман!

Во новата сезона на голот на Вардар како засилување доаѓа искусниот Мигел Еспиња Фереира (…