Дома Фудбал Тензии во Манчестер Јунајтед: Хојлунд се жалел кај Тен Хаг од Бруно Фернандеш

Тензии во Манчестер Јунајтед: Хојлунд се жалел кај Тен Хаг од Бруно Фернандеш

Расмус Хојлунд оваа сезона покажа дека има потенцијал да го носи дресот на Манчестер Јунајтед, во еден период играше во одлична форма, но исто така и „црни минути“ во кои не беше ефикасен.

Хојлунд го постигна победничкиот гол во полуфиналето на ФА Купот против Ковентри од пенал, а по мечот тој имал разговор со тренерот Ерик Тен Хаг.

Англиските медиуми пишуваат дека напаѓачот разговарал со Тен Хаг на тема Бруно Фернандеш. Наводно, Хојлунд се пожалил дека Фернандеш го избегнува на теренот и не му ја додава топката.

Интересно е што ова не е првпат медиумите да пишуваат дека Хојлунд се жали од соиграчите, слични пишувања имаше и по поразот на Манчестер Јунајтед од Копенхаген во Лигата на шампионите (4:3).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На 16 години го урна рекордот на Белингам, но Англија остана со празни раце

Макс Дауман стана најмладиот фудбалер што заиграл за Англија до 21 година. Неговото истори…