Животот не може повеќе да се замисли без некој паметен мобилен телефон, но тој што го користи НБА ѕвездата Лука Дончиќ ги изненади сите.
Еден од најталентираните кошаркари во НБА-лигата заработува милиони, но е скромен, барем кога е технологијата во прашање.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Овој викенд се појави на собирот на словенечката репрезентација со која ќе игра квалификации за Олимписките игри, а неговиот соиграч Лука Рупник го забележа телефонот од брендот „Нокиа“ и го објави на социјалните мрежи.
Дел од навивачите се пошегуваа со кошаркарот на Далас и му порачаа да потпише договор кој ќе му донесе повеќе пари за да си купи поубав телефон.
