Дома Фудбал Тебас: Заминувањето на Роналдо не се почувствува, но ако замине Меси…

Тебас: Заминувањето на Роналдо не се почувствува, но ако замине Меси…

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас смета дека заминувањето на Кристиано Роналдо од Реал Мадрид не влијаел негативно на шпанскиот фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, Тебас верува дека евентуалното заминување на Меси од Шпанија и тоа како ќе се почувствува.

„Заминувањето на Роналдо немаше никакво влијание врз Ла Лига, иако ова тврдење можеби ќе ги налути во Мадрид. Меѓутоа, случајот со Меси е различен, тој е најдобриот во историјата на фудбалот“, смета Тебас.

„Имаме среќа што тој цело време игра во нашата земја, сметам дека неговото евентуално заминување и тоа како ќе се почувствува. Тоа секако не би било катастрофа, бидејќи Ла Лига веќе има склучени договори со или без Меси. Сепак, би го замолил до крајот на кариерата да игра во Примера“,заклучи Тебас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Полноќна „бомба“ од „Енфилд“: Ливерпул направи шокантен трансфер!

Ливерпул вечерва заврши шокантен трансфер. Нов играч на Црвените стана шпанскиот фудбалер …