Дома Фудбал Творците на големиот Милан купуваат нов италијански клуб!?

Творците на големиот Милан купуваат нов италијански клуб!?

Славниот тандем кој го предводеше Милан во најславните денови би можел да се врати на фудбалот пишуваат италијанските медиуми.

Од Италија пристигнуваат информации дека легендарниот претседател и поранешен сопственик на Милан наскоро ќе го купи третолигашот Монца! Тоа значи дека големиот шеф и творец на моќниот Милан ќе се врати во фудбалот откако им го продаде италијанскиот гигант на Кинезите во април 2017 година.

Според „Скај“, познатиот бизнисмен преговара за купување на клубот со семејството, Коломбо (сопствениците на Монца). Освен Берлускони на фудбалот би му се вратил и Адријано Галијани кој ќе му помага на Силвио. Местото од каде што доаѓа овој клуб е родниот град Галијани.

Монца е член на италијанската Серија Ц, минатата сезона игра играше плеј-оф за влез во Серија Б, но сепак не успеаа да се пласираат еден ранг погоре.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…