Таткото на Лионел Меси вчера беше забележан во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, а во медиумите се појавија и фотографии.
Меси се уште не одлучил каде ќе игра следната сезона, бидејќи неговиот договор со ПСЃ истекува во јуни.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Шпанска „Марка“ пишува дека саудискиот Ал Хилал е подготвен да му пониди дури 220 милиони евра по сезона на Аргентинецот.
Планот на Арапите е да го обноват ривалството Меси-Роналдо, но најпопуларниот клуб во земјата одлучи да го надмине договорот со големиот ривал Ал Наср и да го направи Аргентинецот најплатен во светот.
Таткото на Меси, кој е и негов менаџер, пристигна во Саудиска Арабија за лично да преговара со претставници од клубот и да се запознае со сите детали од понудата.
Ако Меси одлучи да ја прифати понудата и да се пресели во Саудиска Арабија ќе го обнови ривалството со Кристиано Роналдо.
رئيس أكاديمية مهد الرياضية الأستاذ عبدالله حماد @AfHammad14 وأحد المقربين من سمو #وزير_الرياضة الأمير عبدالعزيز الفيصل يلتقي والد الاسطورة ميسي والذي يعتبر وكيل أعمال ابنه داخل الأراضي السعودية .. pic.twitter.com/iDK3tIFWZD
— أحمد العجلان (@ahmad2man) March 14, 2023