Интер вчера имаше императив да освои бод на гостувањето на „Вембли“ и така да обезбеди место во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Сепак, италијанскиот тим на крајот загуби во Лондон и сега за пласманот во нокаут фазата ќе се бори во последното коло.
Во последните минути на Интер му беше потребен погодок, но и покрај тоа Спалети не му даде шанса на 21 годишниот Аргентинец, Лаутаро Мартинез кој беше платен 23 милиони евра.
Оваа ситуација не му се допадна на таткото на фудбалерот кој преку социјалните мрежи го искажа своето незадоволство.
„Ти си гом*о, само продолжи вака и брзо ќе ти дојде крајот на среќата“, гласеше пораката која таткото на Лаутаро ја испрати преку социјалните мрежи.
