Ирскиот борец Конор Мекгрегор го навредуваше Кабиб Нурмагомедов и неговото семејство, но во Дагестан очигледно се му простуваат.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кабиб после победата над Конор започна лична пресметка надвор од октагон, поради навредите.
Како што кажа посебно тешко му паднале навредите на верска основа, но и што му го споменувале семејството.
Сепак, покрај тоа што му ја исмејуваше верата, таткото на Кабиб, Абдуламанап одлучи се да му прости на Конор и го повикува во Дагестан во декември да учествува на турнир.
Самбо е руски борбени спорт, што во превод значи самоодбрана без оружје.
„Му кажав дека се му простив, важно е да се биде срдечен. Го повикувам нашиот близок пријател Мекгрегор да дојде на турнирот“, порача таткото на Кабиб.