Eкс-напаѓачот на Манчестер Сити, Френсис Ли кој подоцна стана и претседател на клубот, починал на 79-годишна возраст објавија од клубот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ли во кариерата имаше 330 настапи за „граѓаните“ и постигна 148 голови, а почина по долго борба со ракот. Френсис Ли се пресели во Манчестер Сити во 1967 година од Болтон.
Уште во првата сезона со клубот стана шамион на Англија, во седум сезони ги освојуваше ФА Купот, Лига Купот и Купот на УЕФА. Шампионска титула во Англија освои и со тимот на Дерби Каунти.
Дресот на репрезентацијата на Англија го носеше на 27 натпревари и постигна 10 гола.
— Manchester City (@ManCity) October 2, 2023