Дома Фудбал Тажна вест: На натпревар почина најдобриот стрелец во историјата на Панама

Тажна вест: На натпревар почина најдобриот стрелец во историјата на Панама

Легендарниот панамски фудбалер, Луис Техада (41) починал за време на натпревар.

Според информациите на „ЕСПН“ тој починал откако излегол од игра во натпревар помеѓу ветераните. Техада побарал да биде заменет бидејќи не се чувствувал добро.

Набрзо по замената тој колабирал и бил итно пренесен во болница.

Тој е еден од најдобрите фудбалери кои ги имала Панама и најдобар стрелец во историјата. Во кариерата за репрезентацијата одигра 108 натпревари и постигна 43 гола.

Целата своја кариера ја помина во клубови во Северна и Јужна Америка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со 21 фудбалер во Трабзон: Македонија У17 тргнува по место во Лига А

Иљами Исејни избра 21 фудбалер за ноемвриските квалификации во Турција. Првата цел на Маке…