Дома Фудбал Лига на шампиони Сцени од „Олимпико“, да се наежиш! (ВИДЕО)

Сцени од „Олимпико“, да се наежиш! (ВИДЕО)

Фантастични сцени од Рим по завршувањето на мечот помеѓу Рома и Барселона.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Рома успеа да ја совлада Барселона со резултат 3:0 и поради погодок на гости да мине натаму, во полуфиналето во Лигата на шампионите.

Речиси е неверојатно тоа што им појде од рака на фудбалерите на Рома кои имаа дефинитивно свој ден, па на овој клуб во историјата му го донесоа првото полуфинале.

Секако, делириум беше на трибините, видовме и солзи, просто емотивно и за ежење.

Костас Манолас во следната снимка е во главната улога, тој најмногу плачеше, седна на клупа, не знаеше како да се однесува од среќа, а солзите сами течеа.

Манолас инаку, беше херој за Римјаните, благодарение на последниот погодок кој го постигна во 82. минута од мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Спалети сака да ја донесе легендата на Сити во Јувентус

Тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, го контактирал Португалецот Бернардо Силва, актуелен…