Дома Фудбал Сцена како на филм: Малку фалеше цела репрезентација да биде киднапирана! 🎥

Сцена како на филм: Малку фалеше цела репрезентација да биде киднапирана! 🎥

Иако станува збор за помали земји сепак оваа ситуација која е потврдена со видео на социјалните мрежи е неверојатно.

Имено, малку недостасувало репрезентацијата на Белизе буквално да биде киднапирана на Хаити пред дуелот во квалификациите за Светското првенство. Повеќе лица со пушки и моторцикли го опколија автобусот и разговараа со шоферот.

Фудбалерите и сите кои биле во автобусот имаа среќа што се појавила полицијата која ги растерала киднаперите.

„Шокирани сме од ова што ни се случи. Контактирани се ФИФА и КОНКАКАФ, сите наши играчи се потресени од тоа што се случи“, стои во соопштението од репрезентацијата на Белизе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер го следи Алисон: Ливерпул може да остане без него без обесштетување

Договорот на бразилскиот голман истекува во јуни 2027 година, а Интер ја разгледува можнос…