Дома Македонски спорт Мак фудбал Супер дерби на Чаир, многу шанси, два гола и мајсторија на Фреди Алварез! 🎥

Супер дерби на Чаир, многу шанси, два гола и мајсторија на Фреди Алварез! 🎥

Денес се играат натпревари од 17. Коло во првата македонска лига, а најголемо внимание привлекуваше дербито на Чаир помеѓу Шкупи и Шкендија.

Дербито ги оправда очекувањата од почетокот на натпреварот гледавме убав офанзивен фудбал со шанси и на двете страни. Во првото полувреме се истакнаа голманите Захов и Наумовски, па голови не видовме.

Во второто Шкупи беше тимот кој повеќе напаѓаше, но сепак Шкендија стигна прва до водство. Џокерот кој влезе од клупата Ваљмир Нафиу одлично го пронајде во шеснаесетникот Гури кој го матираше Наумовски.

Продолжи Шкупи да напаѓа и по примениот гол, погодена беше и пречката, а Захов запише неколку бравурозни интервенции. Сепак и тој ништо не можеше на мајсторијата на Фреди Алварез од слободен удар во 88. минута.

Во останатите натпревари Работнички победи во Штип кај Брегалница со 1:2, Скопје дома ја доби Струга со 1:0, Македонија Ѓорче Петров убедливо ја совлада Академија Пандев со 4:1, додека Ренова и Тиквеш ги поделија бодовите одигрувајќи 1:1.

Фото: ФК Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар договори соработка со Локомотива

Како дел од стратегијата за развој на младинските категории Вардар постигна договор за сор…