Дома Фудбал Суперлига: Не сакаат Спортинг и Порто? Сака Бенфика!

Суперлига: Не сакаат Спортинг и Порто? Сака Бенфика!

Како што пренесуваат медиумите во Португалија, Бенфика сака да добие свое место во Суперлигата.

„Рекорд“ пренесува дека челниците на португалскиот гигант е во сериозни преговори со првиот човек на Суперлигата на Флорентино Перез.

Наводно, претседателот на Бенфика Луис Фелипе Виера сака Бенфика да биде еден од клубовите кои ќе влезат во Суперлигата.

„Преговорите се водат веќе неколку недели“, пишуваат медиумите.

Интересно е што претходно Бенфика, Порто и Спортинг заеднички одбиле да бидат дел од ваквото ново натпреварување.

Промената на планот на Бенфика донела „војна“ помеѓу португалските гиганти, па ќе видиме што ќе се случува во наредните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спалети бара силна „деветка“: Јувентус го разгледува Скамака за јануари

Напаѓачот на Аталанта е меѓу кандидатите за засилување на Јувентус, а Спалети добро го поз…