Дома Фудбал Судија, каде ти се очилата? Арбитарот кој не го призна голот на Меси со нова катастрофална грешка!

Судија, каде ти се очилата? Арбитарот кој не го призна голот на Меси со нова катастрофална грешка!

Шпанскиот судија Инглесиас Виљануева во неделата не го призна голот на Меси против Валенсија, а сега повторно го привлече вниманието со нова голема грешка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Виљануева синоќа на мечот помеѓу Еспањол и Тенерифе досуди пенал за играње со рака буквално едно метро надвор од казнетиот простор.

Во 33-та минута по шутот на Алваро Васкез топката удри во раката на Хорхе Санс, а судијата покажа на белата точка иако очигледно Санс беше надвор од казнетиот простор. Жерард Морено пеналот го претвори во гол и помогна Каталонците да направат пресврт (3:2).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул го финализира трансферот на францускиот талент, кој го договори уште зимата

Ливерпул официјално го привлече централниот бек на Рен Жереми Жаке за сума од 60 милиони ф…