Дома Фудбал Судијата од мечот Барселона-ПСЖ се соочува со можна суспензија од УЕФА

Судијата од мечот Барселона-ПСЖ се соочува со можна суспензија од УЕФА

Дениз Ајекин, главниот судија на историскиот натпревар меѓу Барселона и ПСЖ (6:1) во осминафиналето од Лигата на шампиони можно е да биде суспендиран од УЕФА.

Бројните коментари околу досудениот пенал за Барса станаа топ тема по мечот на Камп Ноу и сите се прашуваат дали Ајтекин постапи правилно.

Меѓутоа, најмногу се зборуваше за наводниот фаул на Машеран над Ди Марија кон крајот на натпреварот, кога и самиот Аргентинец призна дека направил фаул.

УЕФА не смета дека германскиот судија добро си ја завршил работата.

Можно е Ајекин да биде суспендиран од шефот на судиската организација на УЕФА Пјерлуиџи Колионе поради грешките што ги направи во овој натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пројковска на европска задача: во Лондон ќе го води дуелот Арсенал – Бенфика

Ивана Пројковска е назначена за главна судијка на средбата од третото коло во женската Лиг…