Дома Фудбал Судијата кој го потврди пеналот на Англија од ВАР собата делегиран и за финалето

Судијата кој го потврди пеналот на Англија од ВАР собата делегиран и за финалето

Финалето на Европското првенство во недела ќе го суди Бјорн Кјуперс, меѓутоа повеќе внимание привлече името на Пол Ван Бокел.

Пол Ван Бокел е судијата кој доби огромни критики овие денови затоа што од ВАР собата го потврди пеналот кој го досуди Макели. Овој пат за финалето тој ќе биде ВАР асистент, претходно беше главен во ВАР собата.

Помошници на кјуперс ќе бидат Сандер Ван Ракел и Ервин Зеинстра, главен за ВАР овој пат ќе биде Германецот Бастиан Данкерт.

Сигурно дека по одлуката Пол Ван Бокел да биде делегиран за финалето, па макар и како ВАР асистент ќе биде критикувана од јавноста.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…