Дома Трансфер зона Суботиќ флертува со Ливерпул!

Суботиќ флертува со Ливерпул!

0

Германските медиуми се погласно шпекулираат дека српскиот дефанзивец Невен Суботиќ би можел наскоро да му се придружи на Јирген Клоп во Ливерпул.

Суботиќ се мачи со повредите во последно време и поради тоа го загуби местото во првиот тим на Борусија Дортмунд. Сепак и покрај фактот што е надвор од терените долго време за него интерес покажува Ливерпул, а гермаските медиуми најавуваат дека наскоро Клоп и српскиот репрезентативец ќе ја обноват соработката токму на „Енфилд“.

Клоп беше мојот ментор цели девет години. Тој ме поддржуваше, ме упатуваше и имаше доверба во мене. Со него и со Дортмунд го минав најубавиот период во мојата кариера. Поради тоа сум многу благодарен. Тој е многу важна личност во мојот живот и јас сум негов должник“, изјави Суботиќ.

Оваа сезона Суботиќ нема одиграно ниту еден натпревар за „милионерите“ и најверојатно ќе ја промени средината во јануарскиот преоден рок.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе P. K.
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус ја сака ѕвездата на Бешикташ

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е силно зиантересиран за ѕвездата на Бешик…