Дома Фудбал Останато Суарез призна: После Ливерпул ги живеев најтешките денови во кариерата

Суарез призна: После Ливерпул ги живеев најтешките денови во кариерата

Луис Суарез е спремен за Копа Америка откако го оперираше коленото пред неколку недели.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Последниот натпревар Суарез го одигра во полуфиналето од Лигата на шампионите кога Барселона доживеа вистински дебакл на „Енфилд“. Каталонците тогаш беа поразени со 4:0 и испаднаа од натпреварувањето иако на свој терен славеа со 3:0.

Ова беше еден од најтешките порази во кариерата на играчите на Барселона, а тоа посебно важи за Суарез. Уругваецот не беше дочекан најдобро на „Енфилд“ иако со многу успех го носеше дресот на „црвените“.

Но, поради прославата на голот во првиот натпревар на овие две екипи беше дочекан со свирежи, додека навивачите на Ливерпул ја прославуваа секоја негова грешка.

После подолго време Суарез конечно зборуваше за овој натпревар и призна дека тој момент бил еден од најтешките во неговата кариера.

„Деновите после тој натпревар за мене беа најлоши во мојот живот и кариера, заедно со Мундијалот од 2014 година. Сакав да исчезнам. Не можев ниту да ги носам децата на училиште. Неколку дена не правев ништо, ми беше премногу тешко“, откри Суарез.

Суарез призна дека не очекувал Ливерпул да се врати после 3:0.

„Тоа никој не го очекувавше и ние во Барселона мислевме дека сигурно ќе имаме некоја шанса да постигнеме гол, но игравме многу лошо. Кога го постигнаа првиот гол не реагиравме на најдобар начин и се упропастивме. После натпреварот никој во соблекувалната од тага не можеше да прозбори ниту збор“, призна напаѓачот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Симеоне не сака Хулиан Алварес да остане по секоја цена

Главниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, ја разбира позицијата на клубското рако…