Дома Трансфер зона Суарез: Не е вистина се што слушате

Суарез: Не е вистина се што слушате

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез ова лето многу веројатно ќе ја напушти Барселона затоа што новиот тренер Роланд Куман не смета на него.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Холандскиот стратег кој само што ја превзема Барселона отпиша веќе неколку првотимци меѓу кои е и Суарез. Наводно на Уругваецот со еден телефонски повик му соопштил дека не смета на него.

Суарез секако не заслужил на таков начин да му се каже дека не е потребен, но тоа е уште една потврда дека во Барселона работата не е како што треба.

Многу се пишуваше за Суарез овие денови и една од веста беше дека бара голема оштета и во спротивно нема да замине. На крајот тоа го демантираше и се огласи преку Инстаграм.

„Постојат луѓе кои зборуваат во мое име или зборуваат некои работи за мене. Јас ќе зборувам за себе кога ќе треба. Не е вистина се што слушате“, напиша Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…