Дома Фудбал Суарез: Навивачите на Ливерпул се најдобри во светот

Суарез: Навивачите на Ливерпул се најдобри во светот

Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез на „Камп Ноу“ пристигна после три прекрасни години поминати во Ливерпул.

Уругваецот не го заборава своето минато на „Енфилд“ и особено е фасциниран од навивачите на англискиот клуб.

Суарез беше дел од премиерлигашот од 2011 до 2014 година, и објасни зошто навивачите на Ливерпул ги смета за најдобри во светот.

„Според мене, тие се меѓу најдобрите навивачи на светот поради љубовта која ми ја покажаа за време на целиот мој престој во Ливерпул. Тие ме сакаа и се однесуваат спектакуларно. Поради тоа тие се меѓу најдобрите фанови на светот, за мене тие се најдобри“, истакна Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Крајова ја заврши работата во првото полувреме: Егнатија поразена со 2-0

Чикалдау и Банку ги постигнаа головите за ЦСУ Крајова, која по три натпревари во Конференц…