Дома Фудбал Останато Суарез избра еден од Мбапе и Халанд

Суарез избра еден од Мбапе и Халанд

Луис Суарез без дилеми веќе неколку години е еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Суарез играше одлично во дресот на Барселона, а минатото лето на изненадување на сите премина во Атлетико Мадрид каде што продолжи да игра на високо ниво.

Во разговор за реномираната „Марка“ уругвајскиот напаѓач зборуваше за новата генерација напаѓачи која во овој момент доминира во Европа, тука се мисли најмногу на Мбапе и Халанд.
Уругваецот ги пофали и двајцата, но повеќе е на страната на Норвежанецот.

„Халанд е еден спектакуларен фудбалер. Има одлични физички предиспозиции и сигурно дека е еден од најдобрите во светот. Верувам дека ќе обележи една ера во фудбалот“.

„Мбапе или Халанд? Па, малку повеќе сум за Халанд, но и Мбапе е на високо ниво веќе неколку сезони“, изјави Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Руни: Салах е себичен, Слот треба да го исфрли од тимот

ВЕЈН РУНИ изрази сериозна критика кон однесувањето на Мохамед Салах, нарекувајќи го себичн…