Дома Фудбал Суарез за автоголовите: Не е само среќата во прашање

Суарез за автоголовите: Не е само среќата во прашање

Барселона во вчерашниот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите ја совлада Рома со резултат 4:1.

Иако тимот на Валверде не изгледаше толку доминантно како што покажува крајниот резултат реваншот на „Олимпико“ според многумина ќе биде само формалност.

Еден од стрелеците во вчерашниот натпревар беше Луис Суарез кој после натпреварот истакна дека неговиот тим заслужено победил.

„Остваривме одличен резултат, посебно кога ќе го погледнеме текот на натпреварот. Многумина сметаат дека не заслуживме волку голема победа, но морам да истакнам дека имавме уште четири или пет добри прилики кои не ги искористивме. Причината за двата автоголови е во нашите брзи додавања со кои ги принудуваме противниците на грешка. Не е само среќата во прашање“, изјави Суарез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прв европски гол за Алиоски во Лугано, Швајцарците со 3:0 на паузата

Езџан Алиоски погоди во 24. минута против Кауно Жалгирис и го запиша првиот европски погод…