МЗТ Скопје славеше на гостински терен против Струмица во македонската лига со резултат 77:95.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако Трајковски не играше на денешниот меч, актуелниот македонски шампион немаше особени проблеми против денешниот противник. Првата четвртина Металците остварија двоцифрена предност 16:31, додека на полувреме домаќинот имаше негатива од 26 поени, односно 35:61.
До крајот Аеродромците одиграа рутинирано и на крајот славеа со конечни 77:95.
Во редовите на МЗТ најпрецизни беа Мекиќ и Маслинко со постигнати 16 поени, додека на спротивнатас страна тоа беше Тајлер со постигнати 17 поени.