Во зимскиот преоден рок Томе Китановски потпиша за Струга Трим Лум, а за викендот во натпреварот заработи незгодна повреда.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Китановски во вчерашниот натпревар во игра влезе во второто полувреме на местото на Бсеир Исеини, но во 65. минута мораше да го напушти теренот. Веднаш беше пренесен во болницата во Охрид, а после деталните прегледи беше утврдено дека се работи за скршеница на левата рака.




Денес Струга потврди дека ќе мора да оди на операција и на терените би требало да се врати после шест недели.
Фото: ФК Струга