Дома Фудбал Лига на шампиони Стротман: Имаме посебна тактика за Салах, но не прашувајте детали

Стротман: Имаме посебна тактика за Салах, но не прашувајте детали

Кевин Стротман, фудбалерот на Рома, знае од каде доаѓа најголемата опасност кога е во прашање Ливерпул.

Рома во вторник гостува на Енфилд во првиот натпревар од полуфиналето во ЛШ, а сите очи се вперени кон Мохамед Салах. Најдобриот играч во Премиер лигата и прв стрелец во Европа е главниот адут на Црвените, но Стротман тврди дека и за него постои тактика.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Изненаден сум колку постигна голови, но не сум изненаден како игра. Овде беше ноќна мора за противниците, а еве и во Англија ги работи истите работи. Има голема самодоверба, направи и во репрезентацијата голем успех.“ – изјави Стротман и додаде:

„Се надевам тоа нема да му успее против нас и дека ќе биде лош. Имаме посебна тактика за Салах, но нема да открија детали. Меѓу останатото, италијанската одбрана е добро позната во светот.“

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Лазаров објави список од 36 ракометари за натпреварите со Фарски Острови

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот сп…