Дома Останати Кошарка Стојан Ѓуроски пак ќе игра во Шпанија – потпиша со Аликанте!

Стојан Ѓуроски пак ќе игра во Шпанија – потпиша со Аликанте!

Македонскиот кошаркар Стојан Ѓуроски повторно се враќа во Шпанија, откако потпиша договор со Аликанте, каде што треба да остане една година.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Ѓуроски се враќа во Шпанија, каде што претходно го носеше дресот на Хуеска и Мелилја, кои настапуваат во Втората лига.

Кошаркарот помина четири години во Луизијана во НЦАА-лигата, а настапуваше и за Левски, Евре, како и македонските екипи Работнички, МЗТ Скопје, Карпош Соколи, Кожув.

„Ѓуроски е одличен кошаркар, кој знае да направи вистинска одлука во одреден момент. Ние знаеме дека ќе се прилагоди на нашиот брз стил на игра. Тој е голем натпреварувач, па сигурно ќе ни помогне во остварување на нашите амбиции“, кажа тренерот Педро Риверо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Лејкерс пред елиминација: Оклахома лесно славеше и во Лос Анџелес (Видео)

Оклахома сака да ја одбрани титулата во НБА лигата и на добар пат е кон тоа. Во полуфинале…