Дома Фудбал Стоперот на „граѓаните“ искрен: Љубоморен сум што не бев дел од големиот успех

Стоперот на „граѓаните“ искрен: Љубоморен сум што не бев дел од големиот успех

Стоперот на Манчестер Сити Емерик Лапорт не беше во составоте на фрацнуската репрезентација која го освои Мундијалот во Русија.

Лапорт имаше можност да бира за која селекција ќе настапува помеѓу Франција и Шпанија, на крајот ги избра „Галските петли“, но селекторот Дешам не го повика на Мундијалот.

„Да бидам искрен, бев љубоморен, но морате да ги почитувате одлуките кои ги носи селекторот. Не ме изненади тоа што не сум повикан. Не бев во претходниот тим, но малку сум љубоморен што не учествував во големиот успех. Сепак, ова беше добро лето се опуштив со семејството и пријателите“, изјави Лапорт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Почина Кен Фагерберг на 37 години, поранешниот млад репрезентативец на Шведска

Семејството ја потврди смртта на поранешниот напаѓач на Митјиланд, кој последните години ж…