Дома Ракомет Столе: Хрватска не беше толку добра, колку што ние бевме лоши

Столе: Хрватска не беше толку добра, колку што ние бевме лоши

Македонија вчера го забележа првиот пораз на Светското првенство во Данска и Германија, подобра од нас беше Хрватска.

Хрватите не победија со 31:22, резултат кој не ја отсликува реалната слика на теренот. Предноста Хрватска ја направи во последните десетина минути кога нашата игра целосно се распадна.

За Стојанче Стоилов Хрватска не одиграла толку добро и причината за поразот според него треба да се бара во промашените зицери.

„Не бевме на потребното ниво. Во одреден дел од натпреварот успеавме да и парираме на Хрватска, но промашивме премногу зицери. Не играше Хрватска толку моќно колку што ние одигравме под нивото. Меѓутоа нема да се предадеме, одиме понатаму. Можеме да се носиме со Исланд и Шпанија“, изјави Стоилов.

Ќе потсетиме, Македонија денес е слободна, а натпреварот со Шпанија го играме утре со почеток во 20:30 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ПСЖ ја носи Лигата на шампионите во Берси: На нишан е францускиот рекорд

Дуелот со Фуксе Берлин на 3 март 2027 година ќе биде прв натпревар на ПСЖ во Лигата на шам…