Дома Македонски спорт Мак ракомет Столе: Пред ракометот бев без компас (ВИДЕО)

Столе: Пред ракометот бев без компас (ВИДЕО)

0

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов не можеше да му помогне на Вардар на Супер Глоуб турнирот каде што црвено-црните го освоија третото место.

Во ова слободно време Столе даде едно интервју за СЕХА лигата.

Столе во интервјуто зборуваше за интересни работи од неговата кариера.

„Тренирав кошарка до 18 години, а потоа поради некоја случајност започнав да играм ракомет. Прво бев среден бек таму ми беше поинтересно, пивотот е позиција која бара поголем физички напор“.

„Огромна е честа да се биде капитен на Вардар. Навивам за овој тим уште од многу мал. Тимот би го опишал со тоа дека се лудаци. Младите одлично се вклопуваат, атмосферата е одлична“, зборуваше капитенот на Вардар.

Зборуваше и за некои други работи, а на крајот призна дека пред да започне со ракомет немал некаква цел во животот, односно не знаел што сака да биде.

„Бев без компас пред започнам да играм ракомет. Не знаев што сакам да бидам. Кога ќе завршам со кариерата ќе размислам што ќе правам. Дали ќе останам во ракометот или ќе започнам друг бизнис“, порача Столе.

Комплетното интервју погледнете го во видеото.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Публико, овој Вардар е истиот тој за кој се крена цела Македонија на нозе!

Вардар вчера ја запиша втората победа во вториот натпревар во групната фаза од Лигата на ш…