Дома Македонски спорт Мак ракомет Столе отворено за тешката ситуација: Ние сме европски шампиони, а односот кон нас е – смешен!

Столе отворено за тешката ситуација: Ние сме европски шампиони, а односот кон нас е – смешен!

Стојанче Стоилов на денешната прес-конференција пред натпреварот со Мотор потврди дека ситуацијата не е добра и дека никој ништо не знае за иднината на Вардар

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Во тешка ситуација сме, клучен играч си замина. Вардар со и без Криштопанс не е ист тим. Наше е да се бориме, но ќе видиме какви се силите, каква е главата…Ќе видиме што ќе се случи на теренот“.

„Тешко е, никој не знае што ќе се случи, можеби ги играме последните натпревари тука. Проблемите се долго време, никој ништо не кажува. Никој не може ги обвини играчите што си заминаа. Ние сме европски шампион, а односот кон нас е смешен“.

„Многу работи има нејасни, никој не знае каква е иднината на клубот. Тие што останаа, мислам дека ќе останат до крај на сезоната. Во ваква ситуација и титулата во Македонија доаѓа во прашање“, изјави Стилов

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…