Maкедонскиот голман Столе Димитриевски според информациите на дел од медиумите има понуда и е отворен за преселба во Саудиска Арабија.
Во веста која ја пренесуваат шпанските медиуми и медиумите кои ги следат случувањата во Саудиска Арабија се наведува дека македонскиот чувар на мрежата е заинтересиран за преселба во земјата каде што пристигнаа голем број европски ѕвезди.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Засега не се открива името на клубот кој покажал интерес за Димитриевски, само се наведува дека тој е спремен да преговара.
Не е првпат Димитриевски да се поврзува со клубови од оваа земја, па останува да видиме како сега ситуацијата ќе се одвива.