Дома Македонски спорт Столе Димитриевски добитник на највисокото признание на Општина Куманово

Столе Димитриевски добитник на највисокото признание на Општина Куманово

Македонскиот голман и репрезентативец, Столе Димитриевски е еден од добитниците на Ноемвриската награда која е највисоко признание од Општина Куманово.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Наградата на Димитриевски му беше доделена во текот на денот на ослободувањето на Куманово, 11 ноември. Станува збор за награда која се доделува за посебни достигнувања и промоција на градот.

„Димитриевски одигра повеќе од 70 натпревари за репрезентацијата на Македонија и настапи на Европското првенство 2021 година каде што посебно се истакна со своите одбрани“, се потенцираше на доделувањето.

Ќе потсетиме, македонскиот чувар на мрежата во текот на летниот преоден рок го напушти Рајо Ваљекано и се пресели во редовите на Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…